Дома Фудбал Бускетс призна: Потребни ни се засилувања!

Бускетс призна: Потребни ни се засилувања!

Барселона синоќа загуби на „Камп Ноу“ од Реал Мадрид со 3:1 во првиот дуел од Суперкупот на Шпанија.

После натпреварот Серхио Бускетс јавно призна дека на тимот итно му се потребни засилувања до крајот на преодниот рок.

„Потребни ни се засилувања. Не поради овој резултат туку за да се освежи тимот. Ситуацијата е тешка, но на Бернабеу ќе одиме со намера да победиме. Ова е разочарувачки за нашите навивачи, но во минатото покажавме дела можеме да победуваме во Мадрид“, изјави Бускетс.

Реваншот во Суперкупот ќе се одигра в среда во Мадрид од 23 часот, а Реал по првиот меч има предност од 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и потег за голем аплауз: Пасквал со апарат за реанимација истрча кон навивач во Зеница

Абел Пасквал помогна при итната интервенција за навивач на Челик кому му се слоши на триби…