Данил Медведев ќе помине една недела на челната позиција на АТП листа меѓутоа од наредната му се бришат поени од лански турнир и повторно ќе биде второпласиран.
Како и многу други руски спортисти од медиумите Медведев добива прашања за војната во Украина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко ми е да зборувам за оваа тема бидејќи јас само сакам да играм тенис. Сакам да го промовирам овој спорт. Во ваков тежок момент ми останува само да играм. Никогаш не се знае, некои спортови донсоа забрани за Русите, посебно тимските спортови. Тенисот е една од најиндивидуалните игри кои постојат, сите сме од различни места. Секако дека постои несреќна можност да ми забранат да играм, но се надевам дека тоа нема да се случи“, изјави Медведев.