Во среда на домашен терен Вардар ќе игра против Елверум во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.
Овој натпревар нема да има резултатко значење за македонскиот шампион кој веќе го обезбеди местото во осминафиналето како петтопласирана екипа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мораме да продолжиме со работа, иако остануваме петти без разлика на резултатот овој натпревар е важен за нас. Имаме противник кој игра добро на гости и на кој му требаат бодови. Го гледаме овој натпревар како тест до каде сме. Играме дома и сакаме победа“.
Анте Гаџа можно е да игра на овој натпревар, а сигурно шанса ќе добие Додиќ.
„Тешко е замене, имаме повќее играчи во ротација. Ќе видиме како новите играчи ќе се вклопат. Гаџа можеби ќе игра, Додиќ тренира со нас и ќе настапи. Без разлика кој ќе игра ние сакаме победа“, изјави Дејвис.