Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на Џек Грилиш и порача дека критиките од јавноста кон него се претерани.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Грилиш беше платен 100 милиони фунти, но се уште не ги оправдал очекувањата на навивачите. Неодамна изјави дека за него главен статистички параметер се бројот на головите и дека ќе работи напорно да се подобри од тој аспект.




Гвардиола сепак не е толку незадоволен од Грилиш.




„Можеби премногу слуша што се зборува и пишува за него. Статистички гледано игра слично како во Астон Вила, барем кога станува збор за контактот со топка. Не го купивме за да постигнува по 45 голови во сезона“, изјави Грилиш.
Англискиот фудбалер оваа сезона на 25 натпревари во сите натпреварувања постигна три гола.