Дома Останати Тенис Медведев закажа полуфинале со Надал па порача: Тенисот сега не е најважен

Медведев закажа полуфинале со Надал па порача: Тенисот сега не е најважен

Данил Медведев кој од понеделник ќе биде број еден на АТП листата победи во четвртфиналето на турнирот во Акапулко, а по натпреварот испрати апел за мир во Украина.

Медведев го победи Нишиока со 2:0 во сетови и така на најдобар начин го прослави поразот на Ѓоковиќ во Дубаи кој му гарантира прво место на АТП, без разлика како тој ќе го заврши турнирот во Акапулко.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Сепак, после мечот Медведев зборуваше за ситуацијата во Украина.

„Јас сум тенисер и сакам да промовирам мир. Сум играл во многу земји, не е убаво и лесно кога слушате вакви вести, сакам само мир. Тешко ми беше даи грам, понекогаш сфаќате дека тенисот не е најважен и ова е таков момент“, порача Медведев.

Во полуфиналето Медведев ќе игра против Рафаел Надал. Второто полуфинале го сочинуваат Циципас и Нори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…