Eвропската фудбалска унија во овој момент не размислува за промена на одржувањето на финалето во Лигата на шампионите во кое домаќин треба да биде Санкт Петерзбург.
„УЕФА констатно ја следи ситуацијата. Во овој момент нема планови за промена на местото на одржување“, соопштија од Европската ќука на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Финалето во Лигата на шампионите треба да се игра на 28. мај во Санкт Петерзбург на „Гаспром арената“. Оваа реакција на УЕФА доаѓаа откако претходно се појавија информации дека финалето може да добие друг домаќин поради тензиите меѓу Русија и Украина.