Дома Македонски спорт Зајков за ситуацијата во Украина: Нема паника, не планирам да се враќам во Македонија

Зајков за ситуацијата во Украина: Нема паника, не планирам да се враќам во Македонија

Минатиот месец репрезентативецот на Македонија Ѓоко Зајков потпиша договор со украинска Ворскла на две ипол години. Во овој момент Зајков е во Полтава каде што се подготвува за првиот натпревар со новиот тим, иако Украина е пред војна со Русија.

Во изјава „Телма“ Зајков кажа дека градот функционира нормално и не владее паника.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го слушнав апелот на Министерството за надворшени работи, но по разговорот со админстрацијата на тимот бевме убедени дека ситуацијата не е толку сериозна и нема простор за паника. Доколку нешто се промени, ќе нè известат нас, а дотогаш треба да ги следиме инструкциите од клубот. Засега не планирам да се враќам во Македнија, ситуацијата е смирена. Украинците велат дека оваа ситуација во Донбас трае веќе осум години и секоја година се случуваат истите тензии. Луѓето си функционираат нормално, отворено е сè, нема ништо необично“, изјави Зајков.

Според очекувањата Зајков ќе дебитира за Ворскла на 27. февруари.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР НА ЗАЈКОВ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…