Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ, денес официјално се засили со Бојан Трајковски и Андреј Маслинко.
Трајковски минатата сезона настапуваше за Карпош Соколи, а претходно има играно и за Балкан стил, Работнички, Фени индустри, Торус, Лирија, Куманово, како и за полскиот Чарни Слупск и косовска Приштина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маслинко доаѓа од таборот на Работнички, а има настапувано и за италијанскиот младински тим Стела Азура.
Претходно, во МЗТ пристигнаа повратниците Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, Американецот Ерик Гарсија, како и талентираните Михајло Митев и Ранко Мамузиќ.