Дома Фудбал Англија Tухел: Освојување на Премиер лигата? Во овој момент се бориме за топ 4

Tухел: Освојување на Премиер лигата? Во овој момент се бориме за топ 4

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека во овој момент не размислува за освојување на Премиер лигата.

Челзи во овој момент е на третата позиција на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, 16 помалку од лидерот Манчестер Сити кој има натпревар повеќе.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Се е прилично тешко и тоа е предизвик. Кога ќе кажете 16 бодови тоа звучи премногу, премногу за она каде што сакаме да бидеме и што си бараме самите од себе. Не треба да не збуни размислувањето за освојување на Премиер лигата. Мораме да сфатиме дека во овој момент се бориме за едно од првите четири места и тоа не е мала работа“.

„Нема сега да ги проценуваме останатите натпреварувања. За нас сега е најважен натпреварот против Кристал Палас. Потоа ни следи промени затоа што учествуваме во многу натпреварувања, тоа е добар знак. Не треба сега да губиме надеж“, изјави Тухел.

Челзи неодамна ја освои титулата светски шампион. Во сабота од 16 часот ќе игра против Кристал Палас, а потоа во вторник ќе се сретне против Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…