Репрезентативецот на Македонија, Динамо Загреб верува во добар резултат на „Санчес Писхуан“ во натпреварот од шеснаесетинафиналето во Лигата на Европа против Севиља.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Динамо го доби најтешкиот ривал затоа што андалузиската гордост игра одлично сезона и е во трка со Реал Мадрид за титулата во Ла Лига.




„Ги гледав нивните натпревари, тие се многу организирана и цврста екипа која сака да игра фудбал и која има многу добро индивидуалци. Тоа што се второ место во Ла Лига кажува се. Не чека еден тежок натпревар, но ние сме подговени, а јас сум сигурен дека можеме да направиме многу. Ние секогаш сакаме да го прикажеме Динамо во најдобро светло“, изјави Адеми.




Четвртфинале во Лигата на Европа е најдобриот пласман досега за Динамо. Адеми овој натпревар го пречекјува во добра форма затоа што завикендот постигна гол и тоа на асистенција на Стефан Ристовски.