Дефанзивецот на Челзи, Антонио Ридигер, рекол дека не зависи само од него дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната.
Договорот на Рудигер со Челзи истекува на крајот на сезоната, а двете страни веќе подолго време не можат да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Раководството на лондонскиот клуб се обидува да го задржи 28-годишниот фудбалер, па му понудиле неделна плата од 200.000 фунти, но Рудигер ја одби таа понуда.
„Овде се чувствувам одлично, секогаш го потенцирам тоа. Според тоа како играм може да се каже дека сум задоволен. Сепак и други луѓе треба да донесат одлука“, изјави Рудигер.
За Германецот интерес покажуваат уште Реал Мадрид, ПСЖ и Баерн Минхен.
Toni Rüdiger on his Chelsea contract situation: “I feel great here, I have always said it. I think the way I play you can see that I’m happy here”. 🔵 #CFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) February 14, 2022
“But there are also other people who have to make decisions…”, he added. @TheAthleticUK pic.twitter.com/h49ZDFij85