Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш: Катастрофално судење, Македонија Ѓорче Петров: Изненадени сме од реакцијата

Тиквеш: Катастрофално судење, Македонија Ѓорче Петров: Изненадени сме од реакцијата

Овој викенд стартуваше пролетниот дел од сезоната во македонската прва лига, а веднаш жалба за судењето имаше Тиквеш кој беше поразен од Македонија Ѓорче Петров.

По натпреварот вчера Тиквеш излезе со реакција за судењето и арбитражата ја нарече катастрофална.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес исто така преку социјалните мрежи стигна одговорот од таборот на „лавовите“.

„Вчерашниот натпревар со ГФК Тиквеш се одигра во крајно фер и спортска атмосфера и затоа сме изненадени од нивната реакција со која го омаловажуваат нашиот труд и нашиот успех на тој натпревар.Црвениот картон кој го добија е поради грешка само на нивниот играч, кој како последен играч играше со рака и спречи очигледна шанса за гол. Асистентите кои беа делегирани на натпреварот се едни од нашите најдобри со големо меѓународно искуство и местото каде што живеат воопшто не игра улога на тоа како судат.Да оставиме на Судиска Организација да си ја врши работата бидејќи тие се најстручни да го коментираат судењето.Се надеваме дека оваа реакција на ГФК Тиквеш е непромислена и без лоша намера но ние како клуб мора да го заштитиме нашиот углед кој го градиме со чесно работење и вложување поготово во последните неколку години како стабилни прволигаши секогаш во борба за позициите кои водат во Европа.ФК Тиквеш и понатаму ќе биде почитуван од нас и покрај овој непрофесионален потег.Спортски поздрав ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ !“

Фото: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…