Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем одбило понуда од три милијарди фунти од американска компанија.




Во прашање е компанијата „ЛАМФ Глобал Вентур“. Според информациите на англиските медиуми инвеститорите понудиле 2.3 милијарди фунти за купување на акциите, додека остатокот бил планиран за покривање на долгот.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Актуелниот сопственик Даниел Леви разговарал со првиот човек на компанијата, Џефри Сорос, кој е внук на Џорџ Сорос. Сепак, на крајот преговорите не биле успешни. Претходно една американска и сингапурска компанија беа спремни да го купат Тотенхем.