Дома Фудбал Англија Рангник: Роналдо треба да биде поефикасен

Рангник: Роналдо треба да биде поефикасен

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник изјави дека Кристиано Роналдо треба да постигнува повеќе голови.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ во последно време имаат проблем со реализацијата, но Рангник истакна дека вината е на сите офанзивни фудбалери, не само на Роналдо.

„Кристиано Роналдо треба да постигнува повеќе голови, очигледно, но не е само тој. Сметам дека создадовме доволно шанси во последните натпревари, но едноставно не ги искористивме. Тоа не е проблем само на Кристиано, туку на сите играчи, особено на офанзивните. Едноставно не постигнуваме доволно голови. Тоа треба да го поправиме во наредните натпревари“, изјави Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…