Дома Фудбал Скандал во Ајакс, Овермарс си замина од клубот: Засрамен сум, ја поминав границата

Скандал во Ајакс, Овермарс си замина од клубот: Засрамен сум, ја поминав границата

Доцна вчера вечер Марк Овермарс се повлече од позицијата спортски директор на Ајакс.

Причината за ваквиот неочекуван потег е што психички ги малтретирал женските лица вработени во клубот со недолични вулгарни и срамни пораки..

„Овермарс донесе одлука после разговорите направени во последните денови. Психичкото малтретирање на женските лица вработени во клубот е причина за неговото заминување“,соопштија од Ајакс.

Овермарс не бараше изговори.

„Се срамам. Не забележав дека ја поминав границата, тоа ми стана јасно во претходните денови. Се извинувам, за некој на мојата позиција не беше прифатливо такво однесување. Сега е доцна да кажам било што. Не гледам друго решение од освен да си заминам“, изјави Овермарс.

Овермарс ја извршуваше оваа функција од 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…