Дома Трансфер зона Ндомбеле чека трансфер во ПСЖ, а Тотенхем прифати понуда од друг клуб

Ндомбеле чека трансфер во ПСЖ, а Тотенхем прифати понуда од друг клуб

Францускиот играч за врска, Танги Надомбеле до крајот на зимскиот преоден рок сигурно ќе го напушти Тотенхем.

Скапоцениот играч за врска не се наметна во Тотенхем и Конте јасно му порача дека за него нема место во тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Медиумите веќе неколку дека пренесуваат дека Ндомбеле е блиску до трансфер во ПСЖ, но сега дојде до неочекуван пресврт.

Додека ПСЖ преговара за поделба на трошоците за плата со Тотенхем се појави друг клуб.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја прифатил понудата на Валенсија за позајмица на Ндомбеле до крајот на сезоната.

Доколку ПСЖ не реагира брзо ќе остане без Ндомбеле, кој ќе се пресели во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…