Откако имаше неуспешен обид да го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина, сега Арсенал ќе се насочи кон друга ѕвезда од Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Арсенал го сака голгетерот на Наполи, Виктор Осимен и е спремен да понуди 70 милиони евра за неговиот потпис, тврди „Газета дело Спорт“.
Њукасл исто така покажува сериозен интерес за Нигериецот, но Осимен преферира преселба на „Емирати“.
Арсенал е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе биде замена за Обамејанг и нема да жали пари за да го доведе Осимен.
Оваа сезона Осимен играше одлично до повредата која го извади од терените, а медиумите во Италија тврдат дека Наполи е спремен да ја прифати понудата од 70 милиони евра.