Дома Топ вести Гвардиола се вклучи во трката за Дибала

Гвардиола се вклучи во трката за Дибала

Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот може да го напушти Јувентус како слободен агент на лето.

Вчера англиските медиуми пренесоа дека Ливерпул спрема понуда за Дибала, а денес „Газета дело Спорт“ пренесува дека во трката за неговиот потпис се приклучил и Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот на сезоната и во моментов преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра по сезона што Јувентус не може да си ја дозволи, па се поизвесно е дека ќе си замине како слободен агент.

Манчестер Сити сака да ја искористи таквата ситуација и да добие големо засилување без обештетување, а „граѓаните“ се спремни да му ги исполнат финансиските барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…