Тотенхем е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Луис Дијаз, пренесуваат медиумите на Островот.




Колумбискиот репрезентативец игра одлично во Порто и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Дијаз е голема желба на Антонио Конте и го сака веднаш во својот тим, а „спарси“ испратиле понуда од 45 милиони евра плус 10 милиони во вид на бонуси.




Сега се чека одговор на Порто, кој не сака да се раздели со својата ѕвезда на средина од сезоната.
Меѓутоа, понудата на Тотенхем е приближна на сумата која клубот ја бара за Дијаз, па може да ја прифати понудата.