Дома Трансфер зона Вајналдум се враќа на Островот кај големиот ривал на Ливерпул

Вајналдум се враќа на Островот кај големиот ривал на Ливерпул

Mинатото лето откако му заврши договорот со Ливерпул, Вајналдум се пресели во ПСЖ како големо засилување.

Меѓутоа, во Париз работите не одеа според очекуваното, па Холанѓанецот може да си замине после само шест месеци.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сега на Островот се појави информација дека Вајналдум може да се врати во Премиер лигата и тоа во редовите на Арсенал.

Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и сака да ја промени средината.

Артета е во потрага по квалитетен играч за врска, па Арсенал сака да го донесе на позајмица со право на откуп.

ПСЖ е спремен да го пушти, па медиумите се оптимисти дека трансферот ќе се реализира до затворањето на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…