Дома Трансфер зона Милан и Лил блиску до договор за Ботман

Милан и Лил блиску до договор за Ботман

Милан и Лил се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Свен Ботман, пренесува „Калчомеркато“.

Лил ги одби сите понуди за Холанѓанецот бидејќи не сака да се раздели со него во јануари, но Милан ќе се обиде да го договори трансферот за на лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.

Милан има договор со Ботман, а е блиску до договор и со францускиот клуб за трансфер вреден 33 милиони евра.

„Росонерите“ се спремни да платат 27 милиони евра плус бонуси, а Ботман да пристигне  на „Сан Сиро“ по завршување на сезоната, односно во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…