Кристал Палас и Валенсија испратија понуди до Манчестер Јунајтед и го сакаат Дони ван де Бек на позајмица со крајот на сезоната.
Минатото лето Ван Де Бек пристигна на „Олд Трафорд“ за 40 милиони евра, но ретко добива шанса за игра, па и самиот сака да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот е спремен да се пресели на позајмица со цел да има поголема минутажа. „Црвените ѓаволи“ сигурно нема да прифатат понуда со опција за откуп, бидејќи сакаат да го задржат и следната сезона.
Споменатите два клуба го сакаат Ван де Бек на позајмица, па сега се очекува конечен одговор од Јунајтед.
Excl. Crystal Palace and Valencia have both asked for Van de Beek on loan. Donny wants to play, Ragnick reluctant to let him go but Palace will push 🔴🇳🇱 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 25, 2022
Man Utd are not accepting any loan with buy option proposal – they want Van de Beek to be in the team for season 22/23. pic.twitter.com/Uy4sXyDKzp