Дома Трансфер зона Падна договор: Фенербахче со Солдадо доаѓа во Скопје!

Падна договор: Фенербахче со Солдадо доаѓа во Скопје!

Искусниот шпански напаѓач, Роберто Солдадо ги договори сите детали од трансферот во турскиот гигант Фенербахче, пренесуваат тамошните медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


31-годишниот Солдадо ќе го напушти Виљареал и во наредните денови би требало да го комплетира трансферот во Фенербахче.

Договорот на Солдадо со Виљареал истекуваше во 2018 година, па поради тоа Фенербахче ќе плати само „симболична“ сума од 4 милиони евра.

Во текот на кариерата Солдадо настапуваше уште за Тотенхем, Валенсија, Гетафе, Осасуна и Реал Мадрид, па несомнено ќе биде големо засилување за турскиот тим.

Трансферот треба да биде комплетиран наредните денови, па се очекува Солдадо да дебитира во Скопје против Вардар во плеј-оф дуелот од Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…