Дома Трансфер зона Баерн и Дортмунд фаворити за потписот на Закарија

Баерн и Дортмунд фаворити за потписот на Закарија

Швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Играчот за врска на Борусија Мехенгладбах ги прекина преговорите за нов договор и на лето ќе биде слободен агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира со настапите во Бундеслигата, па токму поради тоа е голема желба на многу европски гиганти.

Според трансфер експертот, Фабицио Романо главната битка за неговиот потпис ја водат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, па се помали се шансите тој да се пресели во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул покажуваат интерес и веќе стапиле во контакт со агентот на Швајцарецот, но најверојатно Закарија ќе остане во Бундеслигата.

 Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се познати по тоа што се засилуваат од најголемите ривали во Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…