Германскиот репрезентативец, Никлас Зуле донел конечна одлука да го напуштИ Баерн Минхен на крајот на сезона како слободен агент, пренесува „Билд“.
Зуле минатата недела го информирал раководството за неговата одлука и прекинати се сите преговори за продолување на соработката.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Тој ќе го следи примерот на Давид Алаба, кој ги обди сите понуди од Баварците и на крајот замина без обештетување.
Баерн последно се обиде да го убеди да остане со понуда од 10 милиони евра по сезона, но 26-годишниот дефанзивец одлучи да го напушти клубот.
Зуле сака да направи трансфер како слободен агент бидејќи ќе добие бонус од 15 милиони евра при потпис и се надева дека ќе успее да договори плата повисока од 10 милиони евра.