Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.
Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 15 години се уште не дебитирал за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти со два гола кои можат да влезат во конкуренција за „Пушкаш наградата“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Бразилецот интерес покажуваа неколку европски гиганти, но главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Реал Мадрид и Барселона.
Шпанските гиганти се убедени дека станува збор за новиот Меси или Нејмар, па сакаат што побрзо да го обезбедат неговиот потпис.
Двата клуба се спремни да го купат уште сега и да го остават на позајмица во Бразил додека не наполни 18 години.