Барселона вчера со многу проблеми успеа да слави кај Алавес со 1:0 и така да освои важни бодови кои ја вратија во борбата за место во Лигата на шампионите.
Херој на натпреварот беше Френки Де Јонг кој во завршницата од натпреварот го постигна единствениот гол. Тренерот на Барселона, Чави Ернандез се соочи со критики за лошите настапи на Каталонците, а наводно тој има листа „отстрел“ со играчи од кои сака да се ослободи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв на листата е Осман Дембеле и за него нема дилеми, спортскиот директор Алемани потврди дека ќе направат се за да го продадат до крајот на овој месец. Меѓутоа покрај Дембеле Барселона ќе се обиде да се ослободи уште од Клемен Ленгле, Алехандро Балде, Рики Пуиг и Осакр Мингеза.