Дома Топ вести Готово: Ѕвездата на Ривер пристигнува во Манчестер Сити

Готово: Ѕвездата на Ривер пристигнува во Манчестер Сити

Манчестер Сити е пред комплетирање на трансферот на ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Алварез во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра, а последните информации се дека Манчестер Сити ќе ја плати таа сума.

Гвардиола сака да ја победи конкуренцијата и ќе ја плати откупната клаузула, па трансферот треба да биде комплетиран во следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…