Челзи спрема понуда за напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле и сака да го донесе до крајот на преодниот рок.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот одби да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, па Барселона го исфрли од тимот и му порача да си најде нов клуб до крајот на преодниот рок.




Дембеле пак сака на крајот на сезоната да си замине како слободен агент, но Челзи е спремен да го убеди веднаш да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.




Челзи сака да го донесе Дембеле на позајмица до крајот на сезоната, а на лето да потпише со него како слободен агент и да ги задоволи неговите финансиски барања.




Барселона за да го пушти Дембеле бара 5 милиони евра, сума која Челзи е спемен да ја плати.