Дома Топ вести Јувентус испрати понуда за Влаховиќ

Јувентус испрати понуда за Влаховиќ

Раководството на Јувентус е решено да ја победи конкуренцијата за Душан Влаховиќ и сака да го договори трансферот уште овој месец, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Цената на Влаховиќ е 70 милиони евра, а Јувентус испратил понуда од 35 милиони плус Дејан Колушевски, кој е проценет исто така на 35 милиони евра.

„Бјанконерите“ се надеваат дека со оваа понуда ќе ја убедат Фиорентина да го пушти Влаховиќ уште во зимскиот преоден рок да се пресели во Торино.

Арсенал е исто така силно заинтересиран за Србинот и е спремен да понуди 70 милиони евра во кеш, а Фиорентина потврди дека е спремна да слушне понуди и во зимскиот преоден рок.

Предноста на Јувентус е фактот што самиот Влаховиќ преферира да остане во Серија А и поради тоа е спремен да го одбие Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…