Дома Трансфер зона Суарез може уште во јануари да се врати во Премиер лигата

Суарез може уште во јануари да се врати во Премиер лигата

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез, за кого пред два дена се појави информација дека добил повик од Стивен Џерард, може уште во јануари да се пресели во Астон Вила.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите тврдеа дека Суарез на лето најверојатно ќе потпише за Астон Вила, но Уругваецот е смрепен веднаш да се врати во Премиер лигата.

Според „Дејли Мејл“, 34-годишниот напаѓач сака да игра уште година и половина во Европа, а потоа да се пресели во МЛС лигата заедно со Лео Меси.

Астон Вила го сака Суарез, но не може да плаќа за трансфер, па останува да видиме дали Атлетико е спремен да го пушти без обештетување, со оглед на фактот дека договорот му истекува по неколку месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…