Дома Топ вести Марота потврди дека Интер го сака Дибала

Марота потврди дека Интер го сака Дибала

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота потврди дека „нероаѕурите“ ќе се обидат да ја донесат ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.

Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот на сезоната и двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Интер ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го донесе Дибала како слободен агент.

„Нормално е да направиме обид да донесеме топ играч како Дибала на кого му истекува договорот за шест месеци. То е дел од пазарот“, изјави Марота, кој го потврди интересот и за Фратези и Скамака од Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…