Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен и сака да го донесе на „Камп Ноу“.
Челзи не може да се договори со Кристенсен за нов договор и преговорите се во застој во моментов. Неговиот договор со „сините“ истекува во јуни 2022 година и тој сега е слободен да преговара со други клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе почнала преговори со агентот, па Каталонците се спремни да платат и висока провизија само да го донесат Кристенсен на „Камп Ноу“ без обештетување.
Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи конкуренцијата е голема, а и Челзи до последен момент ќе се обиде да го убеди да стави потпис на нов договор.