Дома Трансфер зона Арсенал тргнува по ѕвездата на Лајпциг

Арсенал тргнува по ѕвездата на Лајпциг

Арсенал покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.

23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Нкунку од почетокот на сезоната има постигнато 15 гола и 10 асистенции во сите натпреварувања, па сигурно дека Лајпциг нема лесно да ја пушти својата ѕвезда.

Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.

Арсенал во него гледа идеално замена за Обамејнаг, кој моментално е надвор од тимот поради дисциплинска постапка и сигурно ќе си замине од „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдени две заминувања до Рома

Дефанзивецот Леонардо Спинацола и голманот Руи Патрисио денеска објавија дека заминуваат о…