Дома Тенис „Останатите тенисери се плашат да го поддржат Ѓоковиќ“

„Останатите тенисери се плашат да го поддржат Ѓоковиќ“

Новак Ѓоковиќ ја чека разврската по новото укинување на визата од Министерот за емиграција на Австралија.

Случајот сега е префрлен во Сојузниот суд на Австралија, а Ѓоковиќ вечерва од 22 часот по средноевропско време, сабота наутро по локално време во Мелбурн, ќе оди да дава исказ пред имиграционите власти.

Мислењата се поделени за случајот во светот на тенисот, а украинскиот тенисер Илја Марченко, вели дека другите тенисери се плашат да го поддржат Ѓоковиќ.

„Правилата се исти за сите, а потоа губат на сопствениот суд. Тука не запираат, па наоаѓаат причина за повторно да му ја поништат визата. Како да зборуваме за исти правила за сите? Заборавив, наскоро се ближат избори во Австралија. Држи се, Новак. Останатите тенисери се во страв да не им ја укинат визата, па затоа не го поддржуваат Ѓоковиќ“, кажа Марченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…