Драмата околу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува во Мелбурн.
Ѓоковиќ минатата недела допатува во Австралија за да учествува на Австралија Опен, но по неговото слетување во Мелбурн започна вистинска драма. Првиот рекет на светот доби медицински исклучок и потврда дека може да игра на Австралија Опен, но на аеродромот му ја одземаа визата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неколку дена Ѓоковиќ беше во емиграциониот центар, но на судењето беше одлучено на Ѓоковиќ да му се врати визата и да му се дозволи влез во Австралија. Потоа Новак одработи неколку тренинзи и почна да се спрема за Австралија Опен.
Но, се чекаше и одлуката за министерот за емиграција, Алекс Хок. И неговата одлуак е да ја поништи одлуката на Федералниот суд и повторно да му ја поништи визата на Ѓоковиќ. После ова се најавува депортација на Ѓоковиќ од Австралија.
BREAKING: Novak Djokovic faces deportation after the Australian government revoked his visa for a second time.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 14, 2022