Дома Останати Директорот на Австралија Опен: Би сакал Ѓоковиќ да игра, направивме се што можевме

Директорот на Австралија Опен: Би сакал Ѓоковиќ да игра, направивме се што можевме

Првиот човек на Австралија Опен, Крег Тили, повторно се огласи поради ситуацијата во која се наоѓа Новак Ѓоковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ е во емиграциски карантин и вечевра на полноќ по средноевропско време пред федералниот суд ќе одлучи дали ќе му биде дадена виза за влез во Австралија или ќе биде депортиран во Србија.

„Од почетокот велиме дека најсигурен начин да се дојде на турнирот е вакцинацијата, односно да се приложи доказ за вакцина која е признаена во Австралија. Секако, пристигнаа повеќе барања за медицинско изземање, но тоа постои и за сите други луѓе кои сакаат да дојдат во Австралија, а не само за тенисерите. Од самиот почеток потенциравме дека приоритет е безбедноста на нашите граѓани во Австралија. Поради тоа, побаравме задолжителна вакцинација од сите кои доаѓаат на турнирот. За време на Ју-Ес Опен, вакцинирани беа само 50 проценти од играчите, а по нашите барања, сега имаме процент од 97“.

„Ние направивме се што требаше да направиме и ги споделивме сите информации до играчите. Искрено, би сакал да го гледам Новак како игра на Австралија Опен“, изјави директорот Крег Тили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…