Дома Останати Тенис Aдвокатите открија како Ѓоковиќ го добил медицинскиот исклучок

Aдвокатите открија како Ѓоковиќ го добил медицинскиот исклучок

До понеделник Новак Ѓоковиќ е биде во миграцискиот хотел во Мелбурн откако му беше одбиена визата за влез во Австралија.

Сега адвокатите на Ѓоковиќ открија како тој добил медицински исклучок за привремена виза во Австралија. Имено, како што тие наведуваат Ѓоковиќ неодамна бил позитивен на ковид-19.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ наводно го прележал вирусот на 16. декември и на таа основа побарал привремена виза за влез во Австралија со цел да настапи на првиот сезонски грен слем турнир. Според документите на неговите адвокати на визата пишувало дека Ѓоковиќ 14 дена откако се заразил со вирусот немал никакви симптоми во последните 72 часа.

Медицинскиот исклучок на Ѓоковиќ бил издаден од две независни медицински комисии од Тенис Австралија која го организирала грен слем турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …