Дома Останати Ѓоковиќ во притвор го чува полиција, забранет му е и телефон

Ѓоковиќ во притвор го чува полиција, забранет му е и телефон

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ е задржан на аеродромот во Австралија, поради проблеми со визата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега се појави информација дека австралиските власти имаат скандалозен однос кон Ѓоковиќ и го држат во емиграциски притвор.

Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ за српските медиуми изјави дека неговиот син е во притвор на аеродромот во Мелбурн и пред вратата од собата во која е сместен има двајца полицајци кои го чуваат.

Ѓоковиќ е задржан во една просторија во притвор, го обезбедуваат двајца полицајци, забранет му е мобилниот телефон и контактот со кој било од неговиот тим.

Ѓоковиќ имал поднесено погрешно барање за виза, Србинот во меѓувреме поднел и ново како што побарале австралиските власти, па се очекува расплет на ситуацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …