Дома Македонски спорт Дејан Георгиевски е спортист на годината за 2021!

Дејан Георгиевски е спортист на годината за 2021!

Дејан Георгиевски кој летово испиша историја и освои сребро на Летните Олимписки игри во Токио е избран за спортист на годината во изборот на Агенцијата за млади и спорт.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На вчерашната церемонија во Македонскиот Народен Театар Георгиевски го доби признанието за своето големо остварување.

Георгиевски победи во конкуренција на петмината номинирани: Димитар Георгиев, Емил Павлов, Могамедгаџи Нуров и Елиф Елмас.

Најдобра спортистка е фитнес и бодибилдерката Мери Акиевска, која освои злато во апсолутна категорија на СП во Санта Сузана.

Ракометарката Ива Младеновска во женска и Столе Смилковски во машка конкуренција се најдобри млади спортисти за оваа 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…