Овие денови актуелна е понудата до Лоренцо Инсиње од тимот на Торонто во МЛС лигата.
Според последните информации Торонто ги договорил сите услови со тимот од МЛС лигата. Наводно Торонто на Инсиње му пондуил 5-годишен договор со плата од 10 милиони евра по сезона. Таква понуда посебно кога веќе Инсиње има 30 години е навистина тешко да се одбие.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, поранешниот ас на Јувентус, Себастијан Џовинко испрати предупредување до Инсиње.
„Во Канада се убедени дека договорот е постигнат и очекуваат Инсиње да пристигне уште во март. Сепак, мене малку ми е чудно и не верувам дека капитенот на Наполи ќе го остави својот тим на сред сезона. Торонто е фантастичен град и нуди многу работи, но професионално гледано треба да биде му биде јасна една работа“.
„Тој треба да знае дека ќе исчезне од фудбалскиот радар. Кога јас направив трансфер во Торонто останав без репрезентацијата, никој не ме следеше. Во 2015 година ми ветуваа „мориња и планини“, но до тоа не дојде. Дефинитивно од професионална гледана точка, таков трансфер не носи добар бенефит“, изјави Џовинко.