Дома Трансфер зона „Атомската мравка“ пред враќање во Серија А

„Атомската мравка“ пред враќање во Серија А

Според она што се пишува во италијанските медиуми Џенова е во напредни преговори да го врати Себастијан Џовинко во Серија А.

Џенова сезонава до самиот крај се бореше за опстанок во Серија А и на крајот предводена од нашиот Пандев кој одигра одлична сезона успеа да се избори за опстанок. Сега тимот сака да се засили за наредната сезона да не се доведе во таква ситуација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Џовинко некогаш важеше за голема надеж на Јувентус и Италија, потоа играше и во Парма, а во 2015 година се реши да ја напушти Италија. Тогаш тој потпиша договор со Торонто каде што играше одлично, а во овој момент е член на Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Договорот со Ал Хилал на Џовинко истекува во јуни 2021 година, а во Италија најавуваат дека самиот фудбалер сака да се врати во татковината. Се пишува и дека Парма е расположена да го врати, сепак според познатиот италијански новинар Алфредо Педула Џенова во овој момент е најблиску.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…