Фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Црна Гора по петти пат во кариерата е прогласен за најдобар фудбалер во својата земја.
Црногороскиот фудбалски сојуз секоја година спроведува гласање, а овој пат Савиќ убедливо победи пред Стеван Јоветиќ. На првата позиција Савиќ освои 96 гласа, додека Јоветиќ беше втор со 35. На третата позиција заврши Игор Вујачиќ од Партизан со 24 гласа.




Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Една од главните причини за победата на Савиќ е успехот со Атлетико во Ла Лига и освојувањето на шампионската титула.