Искусниот Холанѓанец пристигна, во Ница владее вистинска еуфорија пред плеј-офот за Лигата на шампионите против Наполи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Трансферот на Снајдер веќе беше најавен во текот на вчерашниот ден, а во текот на изминатата вечер стигна и потврда.
Весли Снајдер пристигна во Ница и ќе му биде на располагање на тренерот, Лисијен Фавре за натпреварите против Наполи.
Ова ќе биде петти клуб во кариерата на Снајдер, после Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Галатасарај.
Ница преку Наполи ќе се обиде да обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, што би било прв пат во нивната историја, првиот натпревар се игра под Везув на 16 август, додека реваншот е закажан за шест дена подоцна.
Le milieu offensif, arrivé dans l'après-midi, doit désormais passer la visite médicale préalable à son engagement officiel. #IssaNissa pic.twitter.com/wCZ0G3QV6x
— OGC Nice (@ogcnice) August 6, 2017