Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Јужномамериканските селекции стануваат дел од Лигата на Нации!

Потврдено: Јужномамериканските селекции стануваат дел од Лигата на Нации!

Се најавуваше дека јужномаериканските репрезентации можат да добијат право да се натпреваруваат во Лигата н Нации, а сега тоа е и потврдено.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потпретседателот на УЕФА, Збигњев Боњек за полски „Мечики“ потврди дека постигнат е договор јужноамериканските селекции да бидат дел од Лигата на Нации, а сега останува само да се утврди во кој формат.

„Ова издание на Лигата на Нации е последно во ваков формат. Одржавме состанок со јужноамериканските селекции и од 2024 година тие ќе ни се придружат. Се уште работиме на форматот во кој ќе ни се придружат и календарот. Сепак, календарот е ограничен и не можеме многу да промениме“, изјави Боњек.

Во Лига А сигурно место би имале Аргентина и Бразил, како и Колумбија, Чиле, Перу и Уругвај. Останатите четири репрезентации – Боливија, Еквадор, Парагвај и Венецуела би играле во Лига Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…