Младата ѕвезда на Салцбург, Карим Адејеми е пред трансфер во Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
19-годишниот Адејеми блеска во дресот на Салцбург и го привлече вниманието на многу европски гиганти, кои сакаа да го доведат во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последните информации се дека напаѓачот ги одбил сите понуди и одличил кариерата да ја продолжи во Борусија Дортмунд.
Адејеми веќе дебитираше за германската репрезентација и му се предвидува блескава иднина, а „милионерите“ во него гледаат идеален наследник на Ерлиг Халанд, кој на лето најверојатно ќе направи трансфер.
Адејеми преферира преселба во Борусија Дортмунд, бидејќи смета дека тоа е идеално место за развој на млади играчи и недостасуваат само детали за реализација на трансферот.
🔥Borussia Dortmund are talks the final details with RB Salzburg over the transfer of Karim Adeyemi. 📝📞#BVB #RBSalzburg pic.twitter.com/KyXtFJknqM
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 13, 2021