Холанѓанецот од редовите на Барселона Френки Де Јонг според медиумите е еден од фудбалерите кои би можеле да го напуштат клубот за Каталонците на тој начин да дојдат до повеќе финансии.
Де Јонг не воодушеви премногу со своите настапи, па наводно Чави нема проблем со негово заминување. Сега таткото на фудбалерот откри дека пет екипи покажале интерес за потписот на Холанѓанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Знам дека Барселона нема пари. Тие сакаат поголема понуда за Де Јонг. Ќе ви откријам дека пет големи европски тимови се заинтересирани за потписот на син ми“, изјави таткото на Де Јонг.
Де Јонг сезонава одигра 13 натпревари во Ла Лига и постигна еден гол и подели две асистенции.