Дома Трансфер зона Конте на шопинг во Италија: Купува стопер од 25 милиони

Конте на шопинг во Италија: Купува стопер од 25 милиони

Антонио Конте сака во зимскиот преоден рок да ја засили одбраната на Тотенхем.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми откриваат дека главна мета ќе биде стоперот на Торино, Глејсон Бремер, кој игра одлична сезона во Серија А.

Бремер го привлече вниманието на многу европски гиганти и за него силен интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус, но Конте е спремен да ја победи конкуренцијата.

Наводно Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да испрати понуда од 25 милиони евра.

Кристиан Ромеро поради повреда ќе биде надвор од терените два-три месеци, па нов дефанзивец е приоритет за „Спарси“.

Конте верува дека Бремер одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра, па го сака Бразилецот уште во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…