Дома Фудбал Де Лаурентис: Спалети е најдобриот тренер кој сум го имал во Наполи

Де Лаурентис: Спалети е најдобриот тренер кој сум го имал во Наполи

Aурелиот Де Лаурентис е презадоволен од начинот на кој Спалети го води тимот и остварените резултати во изминатиот период.

Наполи е третопласиран во Серија А и е во игра за Скудетото, освен тоа Наполитанците продолжија и во нокаут фазата од Лигата на Европа.

„Спалети покажа дека е човек со неверојатни вештини во споредба со другите тренери кои ги имав во мојот мандат. Експериментираше од почетокот и состави тим така што им даде шанса на сите да играат. Дефинитивно тој е најдобриот тренер кој сум го имал, тој може да ни ги оствари соништата“, изјави Де Лаурентис.

Ќе потсетиме Наполи во последното коло од групната фаза го победи Лестер со 3:2 и во тој триумф еден од најзаслужните за победата беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…