Дома Трансфер зона Распродажба во Париз, седум играчи на продажба

Распродажба во Париз, седум играчи на продажба

Пари Сент Жермен во моментов има дури 33 играчи под договор, па катарските сопственици дадоа наредба да бидат продадени седум фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемо име кое е на продажба е Мауро Икарди. Леонардо сака да ги врати вложените 50 милиони евра, но цената на аргентинскиот напаѓач драстично се намали.

Покрај Икарди, клубот можат да го напуштат Абу Диало, како и Курзава, кој не добива голема минутажа, а има договор до 2024 година со ПСЖ.

Рафиња исто така може слободно да си оди, исто како и голманот Серхио Рико, кој со доаѓањето на Донарума воопшто не добива шанса.

На крај Колн Дагба и младиот Ебимбе најверојатно ќе бидат испратени на позајмица или продадени доколку пристигнат понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…